Сакаме,работиме и главна цел е стабилен и силен ракометен клуб
ПРОГРАМИ
ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ (2015-2020)
Во која се избрани неколку приоритетни цели:
– Талентираните деца од општината на возраст од 7-14 години се селектираат и се формира пионерска екипа која ќе се натпреварува во лигата на РФМ во пионерска категорија.
– Формирање кадетска екипа која исто ќе натпреварува во соодветна лига на РФМ
– Формирање младинска екипа која исто ќе се натпреварува во соодветна лига на РФМ
– Формирање на клуб кој ќе се натпреварува во лигите на РФМ
СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ
Kоја се темели на :
– Стратегија за примарна и секундарна селекција на спортисти(деца од 7-14 години)
– Стратегија за најдобра креативна стручна работа
– Бизнис и маркетинг стратегија
– Стратегија за материјално –финансиски вложувања во спортистите и стручните лица
ЦЕЛ : Стабилен и силен ракометен клуб
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Ракометната школа “Академија Алушовски” гравитира на подрачјето на општината Карпош од март 2014 година и до денеска во академијата на база на самофинансирање тренирале над 300 деца ,а во моментот активно тренираат околу 200 деца поделени во три старосни категории и тоа деца од 7-10 год,10-12год,и 12-14години,(машки и девојчиња). Ракометната академија тренинзите ги изведува во школските сали во пет основни училишта во општината и тоа: ОУ “Христијан Тодоровски Карпош”,ОУ “ Јан Амос Коменски”, ОУ “ Владо Тасевски”,ОУ “Петар Поп Арсов” и ОУ “Димо Хаџи Димов”, како и во спортскиот центар”ФОРЦА”. Во академијата работат ракометните тренери Стевче Алушовски и Димитар Бадев како стручен лица кои се задолжен за едукација и развој на децата во идни ракометни репрезенти.