Академија Алушовски

alushevski_resize[2]

Ракометната Академија Алушовски е основана во 2014 година од поранешниот македонски ракометен репрезентативец Стевче Алушовски. За една година постоење и работа, Академијата веќе се промовира како една од најуспешните ракометни школи за млади категории во Македонија. Активностите на ракометната Академија Алушовски моментно се концентрирани во школите во Скопје и во Кичево, со тенденцијата во наредните години тие да се прошират на локално ниво и во другите градови во Македонија што ќе придонесе за развој на ракометот во сите средини и можност за вработување на стручен тренерски кадар.
Моментно во сите школи на Академијата Алушовски тренираат 300 деца на возраст од 7 до 14 години и со нив работат пет професионални тренери, тројца во Скопје и два во Кичево. Во Академијата тренираат деца од различни социјални средини и со различен материјален статус, а во тренинзите активно се вклучени и деца со посебни потреби. Во овој проект активно се соработува со Ресурсниот центар за самохрани родители „Минус и Плус“ од Скопје и им обезбедува бесплатни тренинзи на децата од овие семејства. Ракометната Академија Алушовски е место во кое децата учат ракомет, но учат и како меѓусебно да соработуваат и да се поддржуваат, да ги почитуваат различностите на другите, да ја почитуиваат спортската борба и фер-плеј и вистинските вредности во спортот. Стевче Алушовски во работата со децата го пренесува своето богато ракометно искуство како играч и како тренер во неговата ракометна кариера со лиценца на ЕХФ Мастер тренер со ЕХФ ПРО лиценца 2015/16. Искуството во спортот како поранешен активен спопртист и сега тренер, надополнето со академското образование Магистер по спорт и спортски менаџмент, се идеална комбинација за професионалната работа во спортот, во развивањето и во ширењето на спортската идеја, не само во национални, туку и во регионални и во европски рамки. Тоа носи видливи резултати и отвора големи можности преку овој проект да се збогати искуството со развивање на соработка и размена на искуства и на меѓународно ниво

ВИЗИЈА НА АКАДЕМИЈАТА

Формирање клуб кој ќе игра значајна улога како
во домашното првенство така и во европските купови преку кој ќе се градат нови
репрезентативци на Р.М

МИСИЈА

Развој на ракометот во општина Карпош со сите бенефити од истиот по младата популација како и афирмација на општината со формирањето на силен ракометен клуб.

Во насока на понатамошен развој на спортот , а во нашиот случај на ракометот, ракометната школа Академија Алушовски направи програма за развој на ракометот во општината КАРПОШ која воедно е и најспортската општина во Р.Македонија со што ја прифати одговорноста со проверен тим на луѓе на генерациите кои што доаѓаат им го пренесат знаењето, играчкото и животното искуство.Да ги подели со нив сите радости на растењето, напредувањето,учењето, созревањето.
Да ги подели возбудувањата кои непрекинато ги носи животот на врвниот спортист.
Да ги научи да се дружат и меѓусебно да се почитуваат затоа што само така делувајќи како тим можат да победуваат.Спаѓам во ретките врвни спортисти кои се одлучиле на ваков чекор затоа што знаме дека работиме на проект од огромно значење за нашата држава Р.Македонија. Тоа е за нас огромен предизвик и уште поголема одговорност и работа во нашето секојдневие.
Свесни сме за тоа но предизвиците не се тука за да не уништат, него напротив да го зацврстат нашиот карактер на патот на успехот по кој со сигурност чекориме.

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ДА ГО ПОСЕТИТЕ НАШИОТ ТИМ-АКАДЕМИЈА

Завршна сметка на академијата 2014 година

Завршна сметка на академијата 2015 година