Започна петтиот ракометен камп во Маврово

НОВО ЛЕТО, НОВО РАКОМЕТНО ДОЖИВУВАЊЕ!
По петти пат Маврово ќе биде домаќин на младите ракометни ентузијасти. Во организација на Академија Алушовски 70 млади ракометари од Македонија во седум дена ќе го збогатат своето ракометно знаење. Преку спортување и забава ќе создаваат спомени кои ќе траат вечно.
Проверена екипа поискусна за пет години повторно ќе ги предводи младите кампери низ ракометните авантури. Предводени од Стевче Алушовски, Лефтер Бошковски, Александар Јовиќ и Благојче Весиќ идните ракометари ќе ги надоградат своите ракометни вештини и ќе го почуствуваат ракометниот дух на подготовките како вистинска спортска екипа. Низ два тренинга дневно, младите кампери секојдневно ќе ги мотивираат ракометни икони, репрезентативци и експерти.

Хотелскиот комплекс Бистра и оваа година е епицентарот на ракометот во јуни!