Летниот камп „Маврово“ по петти пат ги отвора вратите за младите ракометари

НОВО ЛЕТО, НОВО ДРУЖЕЊЕ ВО МАВРОВО

Од 17 до 23 јуни 2019 година, на падините на Маврово ќе се одржи петтиот ракометен летен камп во организација на ракометниот клуб „Алушовски“. На старата локација, со проверен тим, побогати за четиригодишно искуство, ќе се обидеме да создадеме незаборавни моменти, одлична забава, да „украдеме“ некој совет од успешните ракометни ѕвезди и да креираме нови пријателства. Нè очекува незаборавно петто издание на кампот „Маврово“.

Пријавата за учество на летниот камп можете да ја пополните на следниот ЛИНК.

Или контактирајте нè на телефонскиот број 078 434 006.

Цена: 13 500 денари

  • Сместување 7 дена (6 полни пансиони) во хотелскиот комплекс „Бистра“ (хотел Спорт, Бистра или Лоџ),
  • Спортска опрема од брендот Hummel – три маички, шорц и дуксер,
  • Дружење со познати ракометни експерти, македонски репрезентативци, интернационалци и тимот на „Академија Алушовски“.

Уплата на прва рата до 25 април во износ од 3000 денари на сметката на Ракометен клуб „Алушовски“

Примач: Ракометен клуб Алушовски
Сметка: 280108102096945
Банка на примач: Силк Роуд Банка

Цел на дознака: Уплата за учество на летен камп „Маврово 2019“ за (име и презиме на учесникот)

Девизна сметка

Сметка 2952-8385  004402714
ИБАН:MK07280102000549207
SWIFT: KRSKMK2X
Банка на примач: Силк Роуд Банка

Цел на дознака: Уплата за учество на летен камп „Маврово 2019“ за (име и презиме на учесникот)