ЗАПОЧНА „СКОПЈЕ КУП“

За првпат во главниот град на Македонија се одржува „Новогодишен Скопје Куп“. Во организација на ракометниот клуб Алушовски 11 екипи, шест во машка и пет во женска конкуренција од генерациите 2002/2003 година, ќе се натпреваруваат и другаруваат во спортската сала на Државното училиште за физичка култура Методи Митевски – Брицо. Турнирот го отвори машката екипа на домаќинот РК Алушовски во натпревар со РК Делчево.

Екипи учеснички во машкиот дел на турнирот се РК Алушовски, РК Макалоски, РК Еурофарм Работник, РК Делчево, РК Мет

алург и РК Аеродром. Во женскиот дел од турнирот учествуваат ЖРК Алушовски, ЖРК Куманово, ЖРК Металург, ЖРК Деспина и ЖРК Макаловски. Сите екипи ќе одиграат по принципот секој со секого, по што ќе се добијат и освојувачите на турнирот.

Сите натпревари ќе бидат одиграни во салата „Методи Митевски Брицо“ на 28, 29 и 30 декември, а ќе се играат две полувремиња по 20 минути. Секоја екипа може да пријави максимално 18 играчи за секој натпревар, а тренерите ќе имаат право на по еден тајм-аут секое полувреме, додека исклучувањата на играчите ќе бидат по една минута.

На првиот натпреварувачки ден постигнати се следните резултати.

ТАБЕЛА 28.12.2018