Довидување до Маврово 2019: Се спушти завесата на четвртото издание на летниот ракометен камп Алушовски

Маврово по четврти пат ги отвори портите за летниот ракометен камп во органзиација на Академија Алушовски. Педесетина деца од различна возраст, подготвеност и спортски талент беа сплотени во љубовта кон ракометот. Од 18. до 24. јуни младите кампери имаа можност да се дружат, забавуваат и пред сè да ги збогатат своите ракометни знаења и вештини.

Стручниот тим во кој беа вклучени Лефтер Бошковски, Благојче Весиќ, Војне Савовски, а беше предводен од Стевче Алушовски го преточи своето искуство и знаење во пет незаборавни денови на падините на Маврово. Идеалните услови кои ги нуди овој националенн парк, вклучувајки го и спортскиот комплекс на домаќинот, хотелот „Бистра“, овозможија сите талентирани идни ркометари да ги прошират своите видици во овој спорт и на еден поинаков и уникатен начин да изградат стабилни темели за професионална кариера. Во оваа ракометна авантура помогнаа и ракометните легенди Александар Јовиќ, Радослав Стојановиќ и Петар Ангелов-Диви, а нивното искуство ќе биде мотив за идните ракометни таленти.

Ова четврто издание беше полесно за стручниот тим и тренерите, а се обидовме да биде на повисоко ниво за учесниците. Собравме доволно искуство овие четири години и веќе знаеме како да одговориме на предизвиците кои ги носи еден летен камп. Учесниците кои речиси 80% се во ист состав како и секоја година своите знаења веќе ги подигнаа на повисоко ниво и затоа оваа година баравме да одговорат на посериозни задачи. Задоволни сме како се одиграа овие седум дена, создадовме навистина добра подлога за надоградба на секој од учесниците на ракометниот камп „Маврово 2018“. -нагласува Стевче Алушовски по завршување на четвртото издание на ракометниот летен камп.

По четврти пат ракометниот камп имаше помош од своите спонзори без чија помош не може да се реализираат вакви настани. Голема благодарност до Кабтел, Виталија и Кожувчанка, компании кои го препознаваат потенцијалот и важноста на ваквите настани за младите спортисти. Нивните цели како општествено одговорни компании влијаат на напредокот на македонскиот ракомет и спорт. Довидување до „Маврово 2019“.