Довидување до Маврово 2019…

Со финалните натпревари се спушти завесата на уште едно успешно издание на ракометниот камп Алушовски. По четврти пат ракометните надежи имаа можност да го збогатат своето знаење и да научат нови ракометни вештини.

Во седум дена, младите кампери се забавуваа, другаруваа и спортуваа. Можеа да научат повеќе од ракометните мајстори предводени од тренерскиот тим Лефтер Бошковски, Благојче Весиќ, Војне Савевски и Стефче Алушовски. Ракометните денови во Маврово ги збогатија и специјалните гости Александар Јовиќ, Раде Стојановиќ и Петар Ангелов-Диви, а нивното непроценливо искуство треба да биде мотив за напредок кон ракометните височини на секој од младите ракометни кампери.

Како поминаа завршните натпревари во последниот ден од ракометниот летен камп Маврово 2018, можете да погледнете низ галеријата и видеото во продолжение.