Како измина четвртиот ракометен ден на летниот камп Маврово 2018 (ВИДЕО)

Првиот летен ден беше доволен повод за мала прошетка низ падините на Маврово. Младите кампери можеа да уживаат во свежината на природата која ја нуди националниот парк и да ги наполнат батериите пред попладневните тренинзи.

Специјален гостин на кампот беше поранешниот репрезентативен голман на Македонија Петар Ангелов-Диви. Тој сподели дел од своето богато искуство со младите голмани.

Вечерта беше резервирана за традиционалниот маскенбал, а најкреативните идеи и костими заслужија симболични награди…