Прошетка, ракомет и познат гостин за првиот ден на летото во ракометниот камп „Маврово 2018“

Веќе традиционално младите кампери четвртиот ден од ракометниот камп Маврово 2018 го поминуваат во прошетка и запознавање со убавините на Маврово.
Утринскиот тренинг го заменивме со кратка прошетка. Уживавме во свежиот планински воздух и ги наполнивме батериите за новите ракометни предизвици. Попладневните тренинзи беа навистина интересни особено за голманите на летниот ракометен камп кои имаа што да научат од легендата на македонскиот ракомет, поранешниот македонски репрезентативец Петар Ангелов. За крај денот го зачинивме со малку забава и маскенбал…
Како измина четвртиот ракометен ден можете да погледнете во продолжение.