Започна летниот ракометен камп „Маврово 2018“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со попладневните тренинзи и официјално започна четвртото издание на летниот ракометен камп „Маврово 2018“ во организација на ракометниот клуб Алушовски. Од 18. до 24. јуни спортскиот комплекс Маврово ќе биде домаќин на младите и перспективни ракометари од Македонија.

Веќе традиционално во јуни Маврово е епицентарот на ракометните случувања, а хотелот Бистра место за забава, дружба и многу ракомет. Педесеттина млади кампери по крајот на сезоната своето ракометно усовршување одлучија да го продолжат во Маврово, каде ќе работат со искусен тим од признати ракометни експерти, а предводен од поранешниот македонски репрезентативец Стевче Алушовски.

Како помина првиот ракометен ден во Маврово можете да погледнете во продолжение.