Отворени уписите за четвртото издание на летниот камп „Маврово“

НОВО ЛЕТО, НОВО ДРУЖЕЊЕ ВО МАВРОВО

Од 18 до 24 јуни на падините на Маврово ќе се одржи четвртиот ракометен летен камп во организација на Ракометниот клуб „Алушовски“. На старата локација, со проверен тим, побогати за искуство од три лета, ќе се обидеме да создадеме незаборавни моменти, одлична забава, да „украдеме“ некој совет од најуспешните ракометни ѕвезди и креираме нови пријателства. Нè очекува незаборавно четврто издание на кампот „Маврово“.

Пријавата за учество на летниот камп можете да ја пополните на следниот ЛИНК.

Или контактирајте нè на телефонскиот број 078 434 006.

Цена: 13 500 денари

  • Сместување 7 дена (6 полни пансиони),
  • Спортска опрема,
  • Дружење со познати ракометни експерти, македонски репрезентативци, интернационалци и тимот на „Академија Алушовски“.

Уплата на прва рата до 25 април во износ од 3000 денари на сметката на Ракометен клуб „Алушовски“

Примач: Ракометен клуб Алушовски
Сметка: 280108102096945
Банка на примач: Силк Роуд Банка

Цел на дознака: Уплата за учество на летен камп „Маврово 2018“ за (име и презиме на учесникот)

Девизна сметка

Сметка 2952-8385  004402714
ИБАН:MK07280102000549207
SWIFT: KRSKMK2X
Банка на примач: Силк Роуд Банка

Цел на дознака: Уплата за учество на летен камп „Маврово 2018“ за (име и презиме на учесникот)