Благодарност до сите компании кои застанаа зад третото издание на летниот ракометен камп „Маврово 2017“

Поминавме седум прекрасни дена на падините на Маврово. Поискусни за две години, ја започнавме новата ракометна авантура во која ни се придружија компании кои го препознаа потенцијалот и значењето на овој камп. Затоа им благодариме за несебичната помош и поддршка.
Со многу насмевки, фотографии за спомен и по некоја солза кажавме довидување до наредниот јуни и нова авантура на ракометниот камп Маврово 2018.