Последен ден на ракометниот камп Маврово 2017

Дојде и последниот ден на ракометниот летен камп Маврово 2017. Последен утрински тренинг требаше да покаже  што научија младите ракометари од искусните ракометни експерти, македонски репрезентативци и тренерскиот тим на Академија Алушовски.

По незаборавни седум дена, дојде и крајот на уште едно, трето во низа, издание на летниот ракометен камп во Маврово. Многу насмевки, нови другарства, фотографии за спомен и по некоја солза за разделба и довидување до наредниот летен ракометен камп „Маврово 2018“.