Ракомет, гости, фотографирање, маскенбал- петти ден на летниот камп Маврово 2017

Петтиот ракометен ден го одбележаа македонските репрезентативци и ракометни легенди. На утринските тренинзи ги испративме Филип Миркуловски и Гоце Георгиевски, а му посакавме добредојде на Никола Митревски. Вечерните тренинзи ги оддржа професорот Лефтер Бошковски и се поздрави со младите ракометари на Маврово 2017. На последниот тренинг пристигнаа и легендите на македонскиот ракомет Наумче Мојсовски и Марјан Колев. Гаранција за уште еден возбудлив ден во Маврово…