Ја почуствувавме убавината на Маврово, научивме повеќе за здравата храна, а како награда се дружевме со македонските репрезентативци

Четвртиот ден од летниот ракометен камп, ни започна со прошетка и уживање во прекрасната природа на Маврово. На гости ни дојде нутриционистот на Виталија, Марина, се запознавме со здравиот начин на исхрана, пред да заминеме на уште една прошетка низ националниот парк Маврово.

Попладнето го посветивм на ракомет, а во тренинзите ни помогнаа Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Андон Бошковски и Филип Миркуловски…