На средина од нашата ракометна авантура, продолжуваме побогати за нови вештини

На средина од нашата ракометна авантура, му се заблагодаривме на Ѓукиќ за секој совет и споделените тајни на големиот мајстор. Му се заблагодаривме на Младен Ракчевиќ што го збогати нашиот камп и продолживме со она за што сме тука-ракометот.

Вечерните тренинзи ги продолживме со исто темпо, но со надеж дека дел од новите ракометни мајстории ќе најдат примена и нашите вештини ќе добијат една нова нишка…