Андреа Лекиќ специјален гостин на ракометниот камп „Маврово 2017“

Синоним за истрајност, посветеност, работа и вложување… Најдобрата ракометарка на светот за 2013 година, Андреа Лекиќ ќе биде дел од третото издание на летниот камп „Маврово 2017“.

Српската интернационалка својата ракометна приказна ја започна од Белград, во својата кариера настапувала за Раднички и Књаз Милош пред да го направи својот прв интернационален чекор во редовите на словенечкиот шампион Крим Меркатор. Од 2011 година, Лекиќ заминува во Унгарија каде со својот клуб Ѓер го има најплодниот период кога во прашање се титулите. Врвот на клупската кариера го достигнува со освојување на Лигата на шампионите, а токму таа 2013 година со српската ракометна репрезентација настапува во финалето на Светското ракометно првенство.

Андреа Лекиќ во Скопје престојува последниве три години. Својот нов ракометен предизвик ќе го бара како организатор на играта на македонскиот шампион ЖРК Вардар.

Веќе четири години, Лекиќ е вклучена во работата на својата ракометна академија која секое лето организира летен ракометен камп.

Српската интернационалка беше дел од специјалните гости на првото издание на ракометниот камп „Маврово 2015“, а сега младите ракометни надежи ќе имаат нова шанса да го збогатат своето ракометно знаење со тајните на една од најценетите спортистки.

Доколку сакате да се пријавите за учество во третото издание на летниот ракометен камп „Маврово 2017“ можете да го направите тоа доколку го следите линкот.