Драган Ѓукиќ ќе го збогати летниот камп „Маврово 2017“

Некогашниот селектор на македонската репрезентација, Драган Ѓукиќ повторно ќе биде дел од ракометниот летен камп „Маврово 2017“. Ѓукиќ е актуелен селектор на репрезентацијата на Црна Гора, а во својата тренерска кариера ги предводел и националните репрезентации на Израел, Велика Британија и Швајцарија.

Своето богато ракометно искуство го градел и како тренер во клубовите Вардар, Пик Сегед, Мадеира и Металопластика, затоа неговото знаење и искуство ќе биде непроценливо богатство за сите млади ракометари кои ќе го посетат третото издание на ракометниот камп „Маврово 2017“.

Доколку сакате да се пријавите за летниот камп следете го овој линк.