Наумче Мојсовски го засилува тренерскиот тим на летниот камп „Маврово 2017“

Поранешниот македонски репрезентативец Наумче Мојсовски ќе ни се придружи во третото издание на летниот камп „Маврово“ како дел од стручниот штаб. Централниот бек, кој во 2016 се прости од репрезентативниот дрес, ќе го засили тренерскиот тим и ќе биде дел од секојдневните тренинзи на идните македонски ракометни ѕвезди.

Камперите ќе имаат можност да научат повеќе за тајните на ракометната игра од искусниот ракометен интернационалец.

Наумче Мојсовски, својата ракометна кариера ја започнал во Струга, потоа настапувал за најдобрите македонски клубови, а во својата интернационална кариера го носел дресот на екипи од Шпанија, Романија и Катар. За македонската репрезентација забележал повеќе од 100 настапи, а беше дел од селекцијата која го освои петтото место на Европското првенство во Србија.

Доколку сакате да се пријавите за третото издание на ракометниот камп „Маврово 2017“, следете го овој линк.