Веселин Вујовиќ во изборот за најдобар тренер за 2016 година

Традиционално Интернационалната ракометна федерација ги одбира најдобрите ракометари и тренери во светот за изминатата година. Во конкуренција за најдобар тренер за 2016 година ИХФ го вклучи и легендарниот Веселин Вујовиќ, голема ракометар, тренер и пријател на „Академија Алушовски“.

Во неговата богата играчка кариера, Вујовиќ преку Ловќен, Металопластика, Гранолерс и Барселона се афирмираше како еден до најдобрите ракометари на планетата. Во 1988 година потврда за неговите квалитети пристигна и од ИХФ, кои првата титула најдобар ракометар на светот му ја доделија токму нему.

Вујовиќ по завршување на играчката кариера започна да гради ново поглавје како успешен тренер. Преку Металопластика и Суидад Реал до македонскиот состав Вардар и хрватскиот првак ППД Загреб, Вујовиќ остави значителен белег со својата посветеност, работа и авторитет. Беше селектор на Србија и Црна Гора, Македонија, а сега со репрезентацијата на Словенија го обезбеди бронзениот медал од Светското првенство во Франција.

Доколку ја понесе титулата најдобар тренер во светот за 2016 година, тој ќе биде првиот што ги обединил титулите најдобар ракометар и тренер во официјалниот избор на ИХФ. За да гласате за Веселин Вујовиќ следете го овој линк.

Kamp-Alusovski-35

Големиот црногорски стратег го пренесе своето богато искуство и тајни на ракометниот занает со младите и надежни ракометари од првиот камп на „Академија Алушовски“ во Маврово.