Заврши вториот ракометен камп во организација на „Академија Алушовски“

Заврши вториот ракометен камп во организација на „Академија Алушовски“. Младите ракометари заминуваат од Маврово со бесценето искуство, побогати за нови вештини, убави спомени, но најважно, побогати за нови пријателства.
Сѐ уште се свежи сеќавањата на дружбата со Филип Миркуловски, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, советите на Наумче Мојсоски и Младен Ракчевиќ, искуството на Драган Ѓуќиќ, чувството кога ќе се соочите со Петар Ангелов и Никола Митрески на голот…
Ги пакуваме куферите, но и спомените од второто издание на ракометниот камп со надеж дека советите на Стевче Алушовски, Лефтер Бошковски, Благојче Весиќ и Војне Савески ќе бидат патоказ по кој ќе продолжат младите ракометари.
„Втора година по ред „Академија Алушовски“, како продолжение на својата успешна работа го организира ракометниот камп „Маврово 2016“. Оваа година за прв пат кампот ги отвори вратите за сите млади ракометни таленти. Изминаа седум дена во кои момчињата и девојчињата преку дружба, забава и вежби ја почувствуваа магијата на ракометот. Задоволни сме од залагањето на младите ракометари, и се надеваме дека во иднина ќе продолжат да се развиваат по вистинскиот пат. Наша желба е од година во година кампот да расте и да ја продолжи својата успешна ракометна приказна. “ –истакна Стевче Алушовски.
 
Го напуштаме прекрасниот амбиент на Маврово задоволни и благодарни на Општина Маврово и Ростуше, Општина Карпош, Паркови и шуми Маврово, Интерспорт, Виталија, Горска Вода, Неуромедика, Адора Инженеринг и Кабтел, без чија помош немаше да се реализира овој камп.
BLAGODARNICA