Прв летен камп на Академија Алушовски

11402348_519663784849106_297573669565897846_oИсполнети очекувањата на првиот летен камп „Маврово 2015“

11174430_520104594805025_8156431811478493426_o

Од 15 до 20 јуни во Маврово се одржа првиот летен камп на „Академија Алушовски“. На кампот учествуваа 53 деца на возраст од 7 до 14 години што тренираат ракомет во нашата Академија, во пет основни училишта во Општина Карпош во Скопје.

На летниот камп во Маврово, младите ракометари тренираа под водство на тренерскиот тим од Академијата, предводен од Стевче Алушовски, во кој се и доскорешниот македонски репрезентативец, Ванчо Димовски, Андон Бошковски, Благојче Весиќ и Димитар Бадев. Покрај тоа, децата во Маврово имаа единствена можност да се дружат и да тренираат заедно со македонските репрезентативци, Стојанче Стоилов, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Никола Митревски и Петар Ангелов.

10560586_518580044957480_3599283616428636231_o

Вистинска атракција за сите во кампот беше доаѓањето на легендарниот Веселин Вујовиќ. Некогаш најдобриот ракометар во светот и поранешен тренер на Вардар, а сега селектор на Словенија и прв човек на клупата на Загреб, беше специјален гостин-тренер во кампот.

1484064_518978684917616_3369552109277739887_o

11045493_518811701600981_8069538300557104681_o

А, на последниот ден од нашиот прв летен камп во Маврово, учесниците на кампот имаа можност да ја запознаат и да се дружат со ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ, која најави почеток на долгорочна соработка на двете ракометни школи – Академија „Алушовски“ и Академија „Андреа Лекиќ“.

11406338_519364641545687_2963592975174706148_o

10007388_519364701545681_5944534358707673161_o

Од нашите пријатели од Виталиа добивме корисни информации и многу практични совети за здравата исхрана која е важен сегмент во животот на спортистите.

Првиот летен камп ни донесе ново искуство, многу убави спомени и незаборавни доживувања и во целост ги исполни сите очекувања и на организаторите на кампот и на децата и на нивните родители.

„Презадоволни сме од овој прв летен камп на нашата Академија во Маврово. Морам да признаам дека кампот ги надмина дури и нашите очекувања. Навистина бевме добар тим, и тренери и гости на кампот. Во овие пет дена, децаат напредуваа многу, тренираа, се дружеа. За нив посебно доживување беше доаѓањето на македонските репрезентативци и имам огромна благодарност до нив што издвоија време да дојдат во кампот и да им пренесат дел од своето искуство на овие нови генерации. Исто така им благодарам и на нашите специјални гости, Веселин Вујовиќ и Андреа Лекиќ кои навистина го збогатија ова летно ракометно доживување во нашиот камп. Ова е почеток на една традиција. Се надевам дека во наредните години ќе бидеме многу подобри во многу сегменти. Сега имаме искуство, знаеме што треба, што е добро и што недостасува“ – истакна Стевче Алушовски по за вршувањето на петдневниот летен камп во Маврово.

Голема заслуга во успешната реализација на нашиот прв летен камп во Маврово имаат нашите гости и нашите пријатели кои го поддржаа кампот – Алкалоид, Општина Карпош, Паркови и шуми Маврово, Еуромаркет ЛТЛ, Горска вода и Виталиа. Се надеваме дека нашата соработка ќе трае и ќе се развива и во наредните години, дека ќе имаме уште многу вакви успешни кампови од кои ќе излезат многу нови македонски ракометни ѕвезди.

1922049_519361224879362_3315689911187614537_n

ГАЛЕРИЈА

Притиснете 2 пати на сликата да се отвори.