Стевче Алушовски стана Мастер Тренер

Со г-дин Жан Брио председател на ЕХФ.

ЕХФ го искористи стартот на Европското Првенство за жени и во Ѓер организираше семинар за „Мастер тренери“, со што ракометните стручњаци ширум Европа имаа можност да се здобијат со највисоката по ранг тренерска диплома. Еден од оние што прв стигна до оваа значајна диплома е и долгогодишниот македонски репрезентативец, Стевче Алушовски, кој кратко време работеше како директор на нашиот национален тим. По повлекувањето од функцијата Алушовски се посвети на работата во својата ракометна школа, но самото здобивање со „Мастер диплома“ е јасен знак дека тој планира барем подеднакво успешна тренерска кариера како онаа што ја имаше како играч.

Ја одбранив мојата теза на Мастер-семинарот во Ѓер и се здобив со право за оваа ракометна тренерска титула. Станува збор за највисоко ниво на едукација и без оваа диплома во иднина не ќе може да се извршува тренерски ангажман на натпревари во Лигата на шампионите, или пак на дуели на репрезентации. За споредба, ова е нешто како Про-лиценца во светот на фудбалот“ – изјави Алушовски за ЕКИПА.

Во текот на денешниот ден својата теза ќе ја брани уште еден македонски стручњак. Станува збор за Данило Брестовац, кој му е прв асистент на Ивица Обрван во македонската репрезентација, а воедно е дел и од стручниот штаб на Лино Червар во екипата на Металург.

k2-680x300